ВИДЕО – Општина Прилеп ги повикува сите граѓани во петок под Градскиот Саат во пресрет на Василица


Општина Прилеп ги повикува сите граѓани во петок, 13 јануари, ден пред големиот празник „Св. Василиј“ или Василица, во 11 часот на платото пред Градскиот саат на настанот „На Василица во Прилеп 2023“.

„Каде што во рамките и духот на христијанството, на обичаите, на традицијата, заедно со граѓаните да прославиме она што веќе го правиме во нашите домови во духот на обичаите и традицијата, вртиме бурек со паричка, или пита, или лебче. Така да пред Градскиот саат ќе бидат поделени над 500 парчиња бурек, греано вино и топол чај, ќе имаме кратка музичка програма и се надеваме дека ќе помине се во најдобар ред. За среќниот добитник ќе има симболична и пригодна награда по повод празникот, така да поканата останува за сите кои се во можност да присуствуваат“, вели Влатко Петкоски, портпарол на Општина Прилеп.

Општината им се заблагодарува и на сите општествено одговорни компании кои ја поддржаа и помогнаа реализација на овој настан.

„Останува поканата исто така и до сите останати кои сакаат да земат учество и да помогнат, затоа што ова се прави за градот, за граѓаните, па во духот на Христијанството и на одбележување на празникот Василица да направиме нешто со кое што заедно ќе го прославиме надвор од своите домови“, додаде Петкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи