ВИДЕО – Прилепскиот музеј започнува кампања за поголема популаризација на поставките


Иако Прилеп ги поседува едни од поретките музеи во Македонија, па и пошироко, како што е Музејот за тутун, еден од 3-те според вредност во светот, уникатната археолошка поставка, бесценето вредната Галерија на икони, поставката за роднокрајно музичко творештво, единствена во Македонија, етнолошката, Участакот, куќата на Кузман Јосифовски – Питу, сепак тие и се многу малку познати на јавноста. За жал нив ги немаат посетено голем број прилепчани, а да не зборуваме за странски гости. Токму затоа годинава прилепскиот музеј ќе започне кампања за поголема популарузација на музеите, пред се кај домашната јавност.

Дали ќе бидат како организирани посети, дали ќе бидат како културни настани, како посети од областа на едукативното учење на ученици и средношколци. Ние стоиме на располагање како Завод и Музеј за сите установи да ги посетат овие наши поставки“, изјави Горан Цветкоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

 Голем дел од прилепчани пак за жал не ги посетиле овие музеи, ниту знаат што има во нив.

„Зошто не се оди во музеи? Затоа што немаме таква навика, не си го познаваме своето“, вели еден граѓанин.

 

„Култура пред се немаме за своето, навика“, додаде друг граѓанин.

 

„Сега младите пред се бараат да се вработат и да имаат пари, можеби не им дошло до музеи. Тоа е мое мислење, не мора е точно“, кажа трет прилепчанец.

Музеите ги посетуваат најмногу странците кои организирано доаѓаат тука.

„Ова е еден проект на Еразмус +, ние доаѓаме од Сомбор како кувари и келнери, тука имаме некоја пракса и посетуваме генерално некои градови. Можеме да речеме дека историјата е добро зачувана и ние може да се поврземе со таа историја и многу ни се допаѓа“, рекоа српски средношколци кои се на пракса во Прилеп.

Сепак и музеите не се постојано отворени, сите поставки работат само со најава, но не постојано во текот на денот. За ова требало вработување на соодветен кадар.

„Нашите поставки ги водат кустоси и тие се внесуваат во целата ситуација, меѓутоа некогаш треба да се посветиме и на кадар кој би бил обучен за презентација на овие музејски поставки, кадар кој би бил запознат со изложбата, со приказните околу изложбата“, додаде Цветкоски.

Веќе се правеле и одредени разговори и имало иницијатива Музејот за тутун од сегашната локација во Институтот за старо словенска култура која е надвор од Прилеп, да се премести во центарот на градот, за што поголема негова популаризација и посетеност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи