Хуманитарната организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски која функционира во состав на црквата Свето Благовештение денеска донираше новогодишни пакетчиња и училишен прибор за 85 дечиња и тоа: 30 пакетчиња во ООУ „Климент Охридски-Прилеп“, посебни паралелки, Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост „Ѕуница“ 9 пакетчина, Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост „Порака“ 8 пакетчиња, Центар за лица со церебрална парализа Прилеп 14 пакетчиња и 24 пакетчиња во Дневниот центар за деца без родители во селото Манастирец (Општина Македонски Брод) кои се згрижени во дом семејства.
„Пакетчињата се дел од хуманитарната акциија која секоја година ја организираме за празникот Божик. Но тогаш ученциите се на распуст и затоа овие пакетчиња ги доделуваме денес со почетокот на второто полугодие од учебната година. Хуманитарните активности на организацијата Св. Никодим Тисмански и Прилепски ќе продолжат и во иднина“, велат од оваа организација.