Полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Кривогаштани, вчера на ул.„Гоце Делчев“ во прилепското село Кривогаштани го привеле триесет и шестгодишниот П.М. жител на ова село.
Како што информираат денеска од МВР, тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Прилеп заради бегство од затворот. По приведувањето тој бил спроведен во установата за доиздржување на казна затвор во траење од две години и три месеци.