ВИДЕО – Огромен интерес кај компаниите во Прилеп за поставување на соларни панели за производство на струја


Огромен интерес кај правните субјекти во Прилеп за поставување на соларни панели за производство на струја. Само лани Општина Прилеп издала над 40 решенија за поставување на вакви панели на покривите на компаниите и 6 одобренија за градба за поставување на вакви фото централи на земја. Со законот за енергетика се дозволи поставување на вакви панели и на покривите од индивидуални куќи до 6 киловати, за што исто така имало заинтересираност и за што не треба добивање на решение за градба.

Сепак мора да има изработен основен проек кој ќе ги содржи фазите електрика и архитектура, овде во рамките на локалната самоуправа треба една изјава и во рамките на ЕВН да дадат изјава дека поставиле панели, да го достават проектот изработен и не треба никакво решение. Тоа е за индивидуални станбени куќи до 6 киловати, а правни субјекти до 40 киловати, без процедура. Се што е над 40 киловати си следува законската процедура“, истакна Бранко Нешкоски, раководител на сектор за урбанизам Прилеп.

Со несмалено темпо продолжиле и барањата оваа година, за само еден месец до секторот за урбанизам во Прилеп имало доставено над 30 барања за поставување на вакви фото централи на земја. Сега со измените на законот за енергетика им се дозволи на Општините да одлучуваат за поставување на вакви на централи на земја и на покривите и до 10 мегавати. Над 10 мегавати, одлучува Министертсвото за транспорт и врски. Но од друга страна се јавува друг проблем на кој треба да се внимава.

Во светот каде што се поставуваат вакви фотонапонски панели измислиле дупло искористување на површината, значи се подигнуваат на повисоко ниво, а долу се искористува земјоделска површина. Кај на уште не сме дојдени до тоа ниво и таа земјоделска површина во тој период на искористување од 20 до 25 години останува необработлива, а се напаѓаат најплодните делови од Пелагонија“, додаде Нешкоски.

Исто така лани во Прилеп се издале и одобренија за градба на три централи за производство на струја од био гориво.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи