Се повикуваат сите спортисти во вторник да потпишат петиција за отворање на Универзална


Ги информираме сите спортски работници, спортски клубови и љубители на спортот на град Прилеп, да присуствуваат вторник 07.2.2023 г со почеток од 18 часот во Големата сала на Општина Прилеп и да дадат поддршка на петицијата за отворање на Универзалната сала за спортистите на град Прилеп, се вели во соопштениието на група поранешни и сегашни прилепски спортисти.

„Да се побара Агенцијата за млади и спорт на РМ да биде медијатор за изнаоѓање на решение помеѓу ЈП за стопанисување на станбен простор во сопственост на владата на РМ и локалната самоуправа на град Прилеп, за отварање на овај спортски храм во интерес на спортистите на град Прилеп“, потенцираат во својата иницијатива прилепските спортисти. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи