Ученици од „Ристе Ристески – Ричко“ ги надоградуваа своите вештини во компании во Португалија


Ова лето, во период од 3 седмици, СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ учествуваше во Erasmus+ проектот „Next level of education“, односно „Напредно ниво на образование“, во градот Барселос, Португалија. 16 ученици од секторот Графичарство и секторот Сообраќај, транспорт и складирање, придружувани од 2 професори, во периодот од 30 јуни до 20 јули имаа можност да ги усовршат своите вештини, работејќи и стекнувајќи пракса во реални компании и центри за обука во Португалија.

Истовремено учениците ги подобрија и своите комуникациски вештини на англиски јазик и имаа можност да ги посетат позначајните места во Португалија за да се запознаат со тамошната традиција и култура. Проектот беше поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Комисија, преку Националната агенција за Еворпски образовни програми и мобилност.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи