Се продолжува рокот на ЈАВНИОТ ПОВИК за учество во програмата за унапредување на претприемачки вештини во рамки на проектот ЕНТЕГ


Во рамки на проектот ЕНТЕГ – ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ СО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ, се продолжува рокот на ЈАВНИОТ ПОВИК за учество во програмата за унапредување на претприемачки вештини!

  • Охрабруваме апсолвенти и дипломирани невработени млади на возраст до 35 години, од Пелагониски регион, од различни образовни профили, од уметност до инженерство, да се вклучат во иновативна програма за унапредување на претприемачки вештини каде ќе научат техники и методи за тоа како да развијат бизнис идеја (од идеја до бизнис план), при што иновациите се во сржта на процесот.
  • Програмата нуди виртуелна лабораторија со алатки за информатичка комуникациска технологија, лекции и простор за соработка на учесниците. Преку оваа платформа учесниците ќе разменуваат идеи, ќе ги унапредуваат истите, ќе планираат и дизајнираат, ќе тестираат идеи преку искуствени вежби за виртуелно претприемништво вклучувајќи го и концептот на социјални претпријатија. Во процесот ќе имаат поддршка од ментори и консултанти.
  • Програмата опфаќа комбиниран процес на обука (онлајн процес и обука со физичко присуство што ќе се реализира во Солун).
  • Повеќе детали за програмата и пријавата можете да ја најдите на следниот линк: https://forms.gle/cS9nz24PuBWrHkxE6
  • Повикот ќе биде отворен до 28 февруари 2023 година.

Проектот е партнерска соработка помеѓу Младински културен центар – Битола и COSV Координација на организациите за волонтерски услуги – Прилеп од страна на Република Северна Македонија и Регионалниот фонд за развој на Централна Македонија (водечки апликант) и Техничката комора на Грција/оддел за Централна Македонија од Република Грција.

„Преку овој проект ќе создадеме виртуелна лабораторија за претприемништво преку која ќе се зголеми вклученоста на младите дипломци во експериментирање со нови идеи и соработка со други чинители. Во проектот ќе бидат вклучени 60 дипломирани млади луѓе од двете страни на границата, кои заедно ќе го поминат процесот на учење и градење на претприемачки вештини. За таа цел, на промотивниот настан беше објавен и јавниот повик за учесници во проектните активности од Северна Македонија. Охрабруваме апсолвенти и дипломирани невработени млади на возраст до 35 години, од Пелагониски регион, од различни образовни профили, од уметност до инженерство, да се вклучат во иновативна програма за унапредување на претприемачки вештини каде ќе научат техники и методи за тоа како да развијат бизнис идеја (од идеја до бизнис план), при што иновациите се во сржта на процесот“, велат проект менаџерите на ЕНТЕГ .

*** Проектот „ЕНТЕГ – Претприемништво за дипломирани студенти со високо образование“ го спроведуваат Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола), COSV – Координација на организациите за волонтерски услуги – Прилеп, Регионален фонд за развој на Централна Македонија (Република Грција) и Техничка комора Грција/ оддел за централна Македонија (Република Грција) го спроведуваат во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република Северна Македонија 2014-2020. #Interreg #enteg #cosv #mkcbitola.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи