ВИДЕО – Терминот политички мобинг треба да се внесе во новиот закон за мобинг на иницијатива на ЛАГ АГРО ЛИДЕР


Во Министертсвото за труд и социјална политика веќе се работи на изработка на новиот нацрт закон за мобинг, во кој на иницијатива на ЛАГ АГРО ЛИДЕР треба да влези и поимот политички мобинг или вознемирување на работното место. Според истражувањето фрапантни над 90% од испитаниците вработени во државните институции или јавни претпријатија рекле дека тие или нивни блиски биле изложени на овој вид на мобинг. На прашањето пак зошто не го пријавиле овој мобинг, одговорот бил недовербата во судството и стравот од загубата на работното место.

„Бидејќи имаше повеќе од 30% пообарувања за измени и дополнувања, веќе се работи нова верзија на Законот, кој пак дополнително ќе биде дискутиран на работните групи и ќе биде претставен пред пратениците, како и пред клубот на пратенички“, истакна Даниела Цветаноска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Членки на клубот на пратенички, како и советнички од Општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени и вработени во јавните институции одржаа средба во долненското село Ропотово каде беа изнесени предлози и препораки кои понатаму треба да внесат во законот се со цел спречување на овој негативен тренд кај нас.

Докажувањето на политичкиот мобинг е навистина тешко, тоа е познато од пракса, но не смееме да заборавиме дека во услови на едно исполитизирано општество и тоа како е присутно и затоа треба да се справуваме и да наоѓаме решенија за да час поскоро настанува искоренување на оваа појава, како сите вработени на своите работни места би можеле суштински да го работат она за кое се првенствено на работа, а не да се занимаваат со проблеми кои значат вознемирување на работно место од било каков карактер“, рече Лолита Ристова, пратеничка во Собранието на РМ од СДСМ.

 

Ние жените единствено, гласно и одговорно со безрезервна поддршка една кон друга, посебно жените кои што се актуелни политичарки можат од различни облици да влијаат врз спречувањето на мобингот врз жената во политичкиот живот“, вели Билјана Кузманоска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Прилеп.

Во законските измени се бара и да се укине времетраењето на докажување на мобингот кое сега изнесува 6 месеци, како и целата постапка за поднесување. Овој проект е имплементиран од NDI, а финансиски поддржан од Шведската агенција СИДА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи