ВИДЕО – 60-тина вработени во 14-те ТИРЗ без регулиран статус со години, директорот Деспотовски најавува решение за 2 до 3 месеци


Околу 60 вработени во 14-те технолошко индустриски развојни зони на ниво на Македонија се без регулиран статус со години и се вработени само со договор на дело. Дел од нив, кои сакаа да останат анонимни, плашејќи за своите работни места, се обратија до нашата редакција укажувајќи на проблемот за кој државата засега немала слух. Се жалат дека со години немаат пензиско осигурување, немаат право на боледување, не добивале плус на плата ниту кога работеле за празниците, ниту за викенди. Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски, вели за проблемот им било укажано и од Државниот завод за ревизија. Најавува негово брзо решавање.

„Така што ние веќе со почетокот на оваа година донесувме нов план за јавни набавки за 2023 година во која предвидовме ангажман на Агенција за времени вработувања, така што во наредните неколку недели ќе објавиме тендер, ќе ангажираме Агенција и преку оваа Агенција ќе го решиме овој проблем на начин што овие луѓе ќе бидат ангажирани во редовен работен однос. Тоа значи регулиран работен стаж, платени придонеси итн. Што верувам дека во голема мера ќе ја олесни состојбата за нив“, истакна Јован Деспотовски, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ.

 Деспотовски вели дека нема да има отпуштања во зоните и дека сите вработени со нерегулиран статус ќе бидат згрижени на ваков начин.

„Сите лица кои се ангажирани и обавуваат задачи за дирекцијата, во траење во текот на целата година, ќе бидат згрижени на ваков начин, односно ќе им биде регулиран работниот стаж“, додаде Деспотовски.

 Се очекува целиот проблем да биде решен за 2 до 3 месеци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи