ВИДЕО – СЗЗ: Тутунарите да не ги потпишуваат новите договори додека откупувачите не ги зголемат цените за 20%


Тутунарите да не ги потпишуваат новите договори со откупувачите се додека не ги зголемат цените по класи за 20%. Со овој апел денеска излезе Сојузот на земјоделски здруженија од каде потенцираа дека во обид да дојдат до што повеќе тутун откупувачите се растрчале на терен уште пред законскиот крај на откупот од ланската реколта. Повикуваат никој да не потпишува за да се изврши притисок и да добијат поголеми цени.

„До нас испратија сите фирми договори и ние му одговоривме негативно и му кажавме дека не се сложуваме со тие довори затоа што цените останаа исти. Додека инфлацијата е се поголема од ден во ден. Затоа ние сакаме да ги повикаме тутунарите да не ги потпишуваат договорите. Непотпишани договори значи дека фирмите нема да имаат договори. Значи дека нема да можат да ги внесат ниту во исето“, истакна Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Откупувачите ги понудиле ланските цени, односно 300 денари за прва, 240 за втора и 180 денари за трета класа, на што тутунарите не се согласуваат бидејќи велат истите биле неисплатливи. Тутунарите не очекуваат зголемување на производството затоа што младата генерација не сакала да сади тутун со овие цени.

„Ние затоа ги повикуваме земјоделците да не прават договори, затоа што ако правиме договори ќе имаме тутун по стара цена. Мораме да бидеме заедно и да не правиме договори“, вели Злате Даноски, претседател на здружение „Мице Козар“.

 

„Почната е реколтата со расади, а компаниите веќе си ги имаат земено КП бројките и сакаат да ги склучат договорите, ние ги замолуваме тутунарите да не склучуваат договори и да не не потпишуваат додека не се разговара за зголемување на класите“, додаде Гоце Јончески, тутунопроизводител.

Законскиот рок за склучување на нови договори помеѓу откупувачите и тутунарите е до 31 март.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи