ЛАГ АГРО ЛИДЕР домаќин на 5-от транснационален состанок во рамките на проектот “Eвропско движење на експерти за ран детски развој”

ЛАГ АГРО ЛИДЕР на 2-ри и 3-ти март 2023 година, беше домаќин на 5-тиот состанок на проектот “Eвропско движење на експерти за ран детски развој” поддржан од Еразмус+ програмата. Состанокот се одржа во Домот на хуманитарни организации “Даре Џамбаз” во Скопје.

Проектот има за цел да ја промовира улогата на физичката активност кај децата во раното детство  за правилен раст и развој на децата, како и за градење на социјални вештини кои ќе се следат од рано детство до детство и адолеценција.

Во рамките на проектот се идентификуваа најдобрите практики кои може да се применат во секојдневната работа на едукаторите и спорските тренери согласно препораките на меѓународните организации за физичка активност за деца од раѓање до 6 години. Овие практики се засновани на докази и се водич за едукаторите и спортските тренери за промовирање на концептот дека физичката активност е природна и доживотна активност која треба да се поттикнува уште од раѓање, и неопходно е да се обезбедат можности за секојдневна физичка активност со инкорпорирање на развојно соодветни активности во безбеден внатрешен и надворешен простор со што би се поддржал физичкиот, социјалниот и емотивниот развој на децата во рано детство.

Во текот на овие два дена, претставниците од земјите на петте партнер организации- Италија, Шпанија, Австрија, Грција и С. Македонија ги презентираа своите искуства од воведувањето на нови програми во работењето со деца во претшколска возраст од 0-6 години насочени кон физички активности развиени од експертите за ран детски развој креирани да им помогнат на децата да ја постават основата за активен и здрав начин на живот.

Повеќе за проектот на https://eeceme-project.eu/

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи