ЛАГ АГРО ЛИДЕР и СОУ Орде Чопела – Прилеп заеднички го одбележаа 8ми Март

Со извонредната изведба на бендот “Библиотека”, поетско читање на дела од едицијата на ЛАГ АГРО ЛИДЕР „Женските гласови на балканската рурална поезија“ подготвена од Звонко Димоски изложба на илустрации на Зоран Кардула од хероините за женски права како Роза Луксембург, Клара Цеткин но и хероините кои ја одбележуваат историската борба за правата на жените, мир и развој во нашата држава како Роза Плавева, Накие Бајрам, Анастасија Узунова, Ана Малешевска, Зоица Иванова, Павлина Пројчева, Елпида Караманди, Вера Јоциќ, Ибе Паликуќа, и многу други кои сп својата решителноср и впечаливост се инспирација за нас и идните генерации за општествени промени и права на жените.

Со овој настан се упати повик до сите, храбрите жени и мажи што ќе ја кренат општествената свест за личните, работничките и сите други права на индивидуата, и ќе покажат дека рамноправноста е неопходност за успех.

Сите заедно треба да работиме на подигање на свеста за подобрување на правата на жените, нивно изедначување со мажите и еднаков пристап во сите сфери на општественото живеење, и нека секој ден биде заедничка борба за економска, политичка и социјална рамноправност на жените со мажите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи