ВИДЕО – Одлични настапи и 6 медали на ЏК „Сеишин“ на меѓународните турнири во Србија и Грција


Викендов прилепскиот џудо клуб „Сеишин“ настапуваше на 2 фронта. Еден дел од членовите од возрасните категории (деца, помлади пионери и пионери) ВО саботата зедоа учество на Меѓународниот Турнир „Ненад Цветковиќ – Цвеле“ во Ниш, Србија. Додека пак денеска Кадетите настапија на Меѓународниот Турнир во Аминдео Грција, кој своевремено беше и критериумски турнир за кандидатите за кадетската селекција.

Турнирот во Србија беше во организација на ЏК Ниш од Ниш. На овој турнир учество зедоа околу 475 натпреварувачи од Србија, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија. ЏК Сеишин-Прилеп зеде учество со вкупно 12 членови при што освоени се 4 медали ( 2 сребрени и 2 бронзени).

Помлади Пионери:

  1. Тамара Илиоска 2-ро место
  2. Теодора Илиоска 3-то место

Деца:

  1. Тамара Стојкоска 2-ро место
  2. Марио Конески 3 то место

„Одлично и многу храбро се изборија и останатите натпреварувачи ( Владан Стрезоски, Арсениј Димески, Ване Ацески, Марко Ацески, Теодор Ачкоски Матеја Николоска, Мила Здравеска, Јана Ангелески) кои не успеаја да изборат место на пиедесталот иако извојуваа по неколку победи. Сепак ЏК Сеишин-Прилеп е задоволен од настапот на сите и постигнатиот успех на еден ваков силен меѓународен натпревар!!! Џудистите ги предводеа тренерите Мартин Ристески и Марио Тошески а водач на екипата беше Ветеранот и спортски амбасадор Киро Здравески“, велат од ккубот Сеишин од Прилеп.

 

 

Денеска 19.03.2023 во Аминдео Грција се одржа Меѓународен турнир во Џудо во организација на ЏК Мегас Александрос Аминдео. На овој турнир учество зедоа околу 400 натпреварувачи од Грција, Молдавија, Грузија Италија, Бугарија и Македонија.

ЏК Сеишин-Прилеп зеде учество со вкупно 7 натпреварувачи при што освоени се 2 сребрени медали.

Кадети:

  1. Јован Стојановски -50 кг. 2-ро место
  2. Теа Настоска, -48 кг. 2 -ро место

Останатите натпреварувачи Михаил Стојановски, Георгиј Магдески, Борис Џагадуроски, Михаил Димоски и Елеонора Илиоска иако остварија по 1 или 2 победи не се закитија со медали но презентираа одлични борби. Мораме да потенцираме дека сите беа под силен притисок на судиите и затоа нашите натпреварувачи практично беа оневозможени и да сторат нешто повеќе. Сепак од ЏК Сеишин-Прилеп велат дека се задоволни од настапот на сите и постигнатиот успех на еден ваков силен меѓународен натпревар на кој покрај противниците наспроти себе ги имале за противници и судиите и натпреварувачката комисија кои направиле се за нашите џудисти да не се закитат со медал. Екипата ја предводеше тренерот и селектор на македонската кадетска селекција Дејан Мицкоски.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи