На 20.03.2023 на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп лишиле од слобода малолетник од с.Заполжани, општина Долнени.
Тој се сомничи дека на ул.„Орде Тутески“ извршил кражба, при што одзел мопед. Малолетникот бил предаден на родител, а мопедот бил вратен на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.