ВИДЕО – Со засадување на дрвја и уредување на дворот одбележан Денот на пролетта во ООУ „Добре Јованоски“


По повод 21 март, Денот на пролетта и Денот на екологијата учлениците од ООУ „Добре Јованоски“ заедно со наставниот кадар го уредуваа задниот дел од дворот на училиштето и засадија дрва од типот, даб, туа и стеблести ружи. Овој дел од дворот за прв пат се уредува после скоро 70 години постоење на училиштето. Дел е хортикулктурно уреден, дел со бехатон патеки, а дел пак ќе се користи како паркинг простор за потребите на училиштето. Дворот пак во предниот дел на училиштето беше уреден минатата година за овој ден.

Организиравме, како и претходната година, така и оваа година засадување на дрвца во нашиот двор, во задниот дел од дворот каде што се изврши партерно уредување после приближно 70 години од формирањето ООУ „Добре Јованоски“. Со таа цел да ги засадиме и да ни растат дрвцата како што ќе ни растат децата во училиштето. Исто така и предниот дел од дворот имаше засадување на дрвца, меѓутоа тој беше покриен, имавме еколошка акција претходната година на 21 март, беше посеан со трева, обезбедивме и претходната година садници и беше оран од страна на наставниците, колегите и беше сеен исто така од страна на сите колеги, наставници, техничка служба, стручна служба и предниот дел од дворот е веќе среден. Чекаме да не плени со неговата убавина со самото доаѓање на пролетта“, рече Панде Николоска, директор на ООУ „Добре Јованоски“.

Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека советниците од градот подготвувале нова пролетна акција за пошумување, исто како минатата есен кога се пошумуваше во близина на депонијата кај Алинци.

Како претседател на Совет, знаете по иницијатива на сите советници организиравме една ваква акција есента, сега се работи и припрема за уште една ваква уште поголема акција за пошумување на околината на Прилеп. Еве овде денес во ООУ „Добре Јованоски“ симболично учениците заедно со помош на наставниот кадар го одбележаа Денот на природата, го разубавија својот двор, но позначајно од оваа симболика е тоа што младите луѓе ги учиме како треба да се одржува, да се негува и чува природата во која живееме“, изјави Дејан Проданоски, претседател на Совет.

Од ООУ „Добре Јованоски“ најавија дека наредно ќе има поголема акција за внатрешно уредување на училиштето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи