ВИДЕО – Костоски: Да се распише референдум и граѓаните да кажат дали треба да се задолжиме со 5 милиони евра


Денес како советници од Левица поднесуваме 300 амандмани до претседателот на Совет на Општина Прилеп со цел стопирање на утрешната точка со која се планира Општина Прилеп да биде задолжена со рекордни 5 милиони евра, пари за кои никој граѓаните не ги праша дали е добро и дали е време за ова да се случи, истакна на денешната прес конференција Методија Костоски, советник од Левица во Општина Прилеп.

„5 милиони евра, а во никоја програма не беше споменато дека со пари од кредитити ќе се финансираат вакви капитални проекти. Планираме на било кој начин да ја стопираме оваа точка, со тоа што на овој начин на филибастеринг и преку наша предлог иницијатива, со предлог точка, со која сакаме Општината да распише референдум по ова прашање затоа што овие средства се навистина премногу и никој како граѓанин не беше консултиран дека вакво нешто може да се случи.

Во овој период според експертите не се планира задолжување затоа што и каматните стапки се доста високи и со тенденција на зголемување.

К0олку се тоа 5 милион евра сакам сликовито да објаснам. Во тежина се 700 кг или еден камион со полна приколица, пари од по 5 евра. Доколку се наредат сите тие пари во должина доаѓа 120 км. што значи од Прилеп до Струга наредени пари од по 5 евра е толку се тоа 5 милиони евра. Станува збор за навистина рекордна сума на пари“, истакна Костоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи