Владата ќе ги замрзне цените на хигиенските производи. Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека станува збор за: тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни, хигиенските влошки.
Станува збор за намалување од 13% од цените што биле во трговијата на мало на 20 март оваа година.
„Од периодот од 1 март до 24 март 2023 година цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 205 денари и на оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ, таа би се движела од 111,8 денари до 241,9 денар, а главно повеќе од сите овие производи од 85 % се увезени во нашата држава. Цената на влажните марамчиња во просек се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 во февруари и 83,2 денари во март 2023 година, каде што имаме царинска ставка од 6 % и не е вклучено ДДВ. За пелените, цената се движи од 36 денари за парче до 1.600 денари за кутија со повеќе пакувања и тука не е вклучено ДДВ“, рече Бектеши.
По завршувањето на овие мерки за замрзнати цени, Бектеши рече дека се додека има потреба за вакви одлуки тие ќе се носат, а најдоброто решение според него е да се усвои предлогот во делот на законот за ДДВ за да има долгорочно решение за основните прехранбени и хигиенски производи.