ВИДЕО – Започна хуманитарната акција во прилепските цркви – ајде да донираме кој колку може!


Четирите православни храмови во Прилеп, „Св. Петка“, „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Преображение“ и „Св. Благовештение“ по 15 пат ја спроведуваат хуманитарната акција за празникот Велигден, која што е во организација на неформалната хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски. На средината од храмовите денеска се поставија добро познатите црвени кутии за донации, каде граѓаните, од денес, па се до празникот Цветници ќе може да донираат парични средства со кои потоа се купуваат намирници во храна и средства за хигиена кои им се делат на социјално ранливите семејства. Овен пари граѓаните исто тоа може да донираат и нерасиплива храна и средства за хигиена.

„Планираме и оваа година да направиме околу 140 пакети, ако има потреба да се направи нешто плус тоа се прави во договор со свештениците. Не се знае точно колкав е бројот, списокот го имаме, секоја година функционираме според списокот. Тој се корегира заедно со консултација на свештениците од сите 4 цркви. Она што сакам да потенцираме дека оваа хуманитарна организација функционира во склоп на црквата Свето Благовештение, но овие акции кои се прават 2 пати годишно ги работиме заедно сите 4 цркви во Прилеп. Ова не е акција само на оваа црква, туку на сите цркви заедно, односно ова е пред се хуманитарна акција на градот Прилеп и прилепчани сите заедно“, истакна Драган Џокоски, хуманитарна организација „Св. Никодим Тисмански и Прилепски“.

Освен овие 140-тина пакети за семејства ќе бидат поделени уште 10-тина пакети за лица кои живеат сами. 30-тина од пакетите се делат во прилепските села, а околу 100 во градот. Од хуманитарната организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски велат дека освен граѓаните активно во оваа акција учествува и прилепскиот бизнис сектор. Секоја фирма за акцијата се извесува писмено доколку сака да донира.

„Целта која ни беше зацртана уште на самиот почеток на оваа хуманитарна организација беше да се разбуди свеста кај народот, да се помогни кај овие семејства кои се социјално загрозени, да им помогнеме во овие наши поголеми христијански празници, да почувствуваат една топлина во домот, да имаат храна на трпезата, да се вратри насмевката барем за еден момент во тие домови. Таа е и целта и мислам дека успеавме во тоа. Добро сме прифатени и од народот и од бизнис секторот кој многу ни помагаат и ни излегуваат во пресрет“,  додаде Џокоски.

 Вакви акции во провославните храмови во Прилеп се организираат два пати годишно, за Божик и Велигден, но оваа неформална хуманитарна организација функцонира постојано. На влезот од црквата Свето Благовештение преку целата година е поставена ваква кутуја за донации, а потоа со тие пари се купува храна, и намирници за тие кои имаат потреба или парично им се п

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи