ВИДЕО-Трипуновски: Замрзнувањето на цените на земјоделските производи ќе го уништи домашното производство


 Сведоци сме дека изминативе години сите мерки кои ги носи владата предводена од СДСМ или се задоцнети, или се промашени. Во конкретниот случај сметаме дека мерката за замрзнување на земјоделските производи требаше да биде донесена многу порано кога Македонија јадеше увозна храна, зеленчук и овошје од надвор, истакна на денешната трибина со земјоделците во Прилеп, Цветан Трипуновски, претседател на централната комисија за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега во ситуација кога стасува домашното производство практично е невозможно да се замрзнуваат цените, затоа што ова производство беше произведено по високи цени. Владата требаше навремено да ги замрзни цените и на нафтените деривати и на електричната енергија, на ѓубривата и препаратите за да имаме денес рентабилно производство. Напротив, сведоци сме дека со ова замрзнување само се уништува домашното производство кое и така е на стаклени нозе, дали оранжериско или обичното комерцијално производство на земјоделски производи. Така да сметаме дека оваа мерка е презадоцнета и само ќе се одрази дополнително негативно на македонското земјоделство.

Во моментов единствено што е одмрзнато е повисоките плати на функционерите предводени од власта, според нас сметаме дека треба да се реагира интервентно во земјоделскиот сектор за да се помогнат земјоделците. Преживеаа тешка година со сите покачувања на репроматеријалите во Република Македонија, значи треба да се инвестира во тој дел за да имаме рентабилно производство. Кажав, задоцнети се мерките кога требаше да интервенираат на другите репроматеријали и Македонија јадеше увозна храна надвор од Република Македонија.

Сега кога ги замрзнуваат доаѓаме до ситуација домашното производство практично да треба да се продава под производната цена. Оваа мерка која ја носи Владата, ова е чист популизам и друго нема ништо и тоа не го решава проблемот во овој момент“, истакна Трипуновски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи