Прво место во светот на Hippo 1 за Софија Златареска од ООУ „Климент Охридски“, во категорија пишување на есеи


Во рамките на Меѓународниот натпревар Hippo 2023, оваа година за прв пат имаше натпревар за есеи во сите возрасни категории. Ученичката Софија Златареска од V-1 одделение од ООУ „Климент Охридски“, под менторство на наставничката Зорица Трајаноска, го доби првото место во нејзината категорија Hippo 1.

„Софија Златареска не направи горди како училиште затоа со освојувањето на првото место.  Повторно Основното Училиште Климент Охридски е број еден меѓу училиштата во светот, а успешната приказна на Софија ќе се најде во првата книга за мемоари што ќе биде издадена наскоро. Ученици Вие сте вистински амбасадори на нашето училиште и Македонија! Се гордееме со вас!“, вели директорот Ахил Јаков.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи