Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Крушево, повредени повеќе вработени во МВР

elementor-template id=”49259″]

На 03.04.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево, во близина на место викано „Бегова ливада“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со шведски национални ознаки, управувано од Р.Т.(45) од Прилеп и патничко возило „ланд ровер“, сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Т., а со телесни повреди се здобиле возачот на полициското возило и уште четворица негови сопатници, сите вработени во МВР, констатирани во Градската болница Прилеп, информира МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи