Одличен испитен спаринг на боксерите од БК „АС“ Прилеп


Во неделата се одржаа спаринг борби во боксерскиот клуб „АС“. На овие спаринг борби беа одбрани најдобрите боксери во потешките категории од тимот на Чатлески, а планот е во јуни да пропливаат во професионалните боксерски води на профи бокс спектаклот што е во план да се одржи во Прилеп.

Спарингот беше организиран со судии и мерач на време на гонг. На овој испит боксерите се покажааа во добра кондициона, техничка и тактичка спремност. Од страната на Про Бокс Македонија увидовме дека боксерите се спремни за почеток во професионалниот четириаголник. На Илчо Костовски, Матеј Чатлески и  Стево Илиќ им посакуваме успешна кариера“, вели тренерот Дарко Чатлески.

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи