Нова сајбер измама во Македонија – УЈП со предупредување до граѓаните

Нова сајбер измама деновиве се појави во државава, преку која кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https:ujpgov.mk/potvrda.

„ГРАЃАНИ, НИКАКО НЕ ОТВАРАЈТЕ  ЈА ОВАА ЛАЖНА ВЕБ СТРАНИЦА,  БИДЕЈЌИ ОД ВАС БАРА ДА  ПОПОЛНИТЕ ПОЛИЊА  СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ,  ПОДАТОЦИ ОД  ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ДА  ПРИКАЧИТЕ СЛИКА ОД  ВАШАТА ЛИЧНА КАРТА. Споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница, може да предизвика нивна злоупотреба“, предупредуваат од УЈП.

 

Од УЈП предупредуваат дека станува збор за лажна веб страна, која не е во сопственост на институцијата и ги преземаат сите неопходни активности за справување со оваа состојба.

Алармот го вклучи член на групата „Сојузен комитет на програмери“. Тој сподели каква СМС-порака добил, а потоа и податоците кои биле побарани да ги внесе кога го отворил линкот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи