За прв пат во Прилеп, две литургии за Велигден во црквата Света Петка, една после полноќ, а другата утрото во неделата


Почитувани верни прилепчани, од најмлади до највозрасни, драги родители, баби и дедовци, во пресрет на најголемиот христијански празник, „Празникот над празниците“ – Велигден со голема радост ве исвестуваме дека со благослов на нашиот епархиски архиереј и духовен татко, Неговото високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во храмот „Св. Петка Римјанка“ во нас. Точила во Прилеп покрај полноќната воскресенска богослужба и Божествената Литургија која ќе се отслужи после полноќ, ЗА ПРВПАТ во Прилеп ќе се отслужи Божествена Литургија и утрото, на ПРВ ДЕН Велигден, во неделата (16.04.2023) со почеток во 9:00 часот а со цел сите оние верни прилепчани, кои не можеле да присуствуваат на полноќната Литургија, особено дечињата, и тие да ја почувствуваат воскресенската радост со присуство на Божествена Литургија и соединувајќи се преку причесната со Христа воскреснатиот!

Ова особено се однесува на најмладите, па затоа препорачуваме и советуваме децата и да се причестат. Во однос на подготовката за причест, според учењето на Црквата се препорачува децата од мали нозе да се учат на пост но, во случајов, барем последните неколку дена пред Велигден.

Ова не е задолжително за децата до седумгодишна возраст. Тие не мора да постат ниту, пак, некој друг (родител, баба, дедо …) треба да пости за нив. За повозрасните деца се препорачува, поучно да постат, како што рековме, барем последните два-три дена пред Велигден. Утрото пред богослужбата младите треба да бидат гладни и жедни, освен бебињата до едногодишна возраст.

За сите дечиња кои ќе присуствуваат на богослужбата, храмот „Св. Петка“ со помош на фирми („Витаминка“, печатница „Ацетони“ …) подготви велигденски подароци! Доколку дозволат временските услови, планирано е Божествената Литургија да биде отслужена под отворено небо, на платото пред храмот!

Од в.д. старешината протоереј Љупче Петрески со управата и вработените при храмот!


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи