Во 2 случаи уапсени дилери во Прилеп – одземени 4.000 капсули трамадол и други наркотици

На 12.04.2023 на ул„Пере Тошев“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Ш.(35) и Е.Р.(35), двајцата од Прилеп. При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш., а сопатник бил Е.Р.(35), кај Е.Ш. била пронајдена и одземена прашкаста материја.

На 11.04.2023 на патот Градско-Прилеп (Превој Плетвар), полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода се Г.Ј.(54) од Прилеп и З.Р.(53) од Прилеп. При преглед на  патничко такси возило „ауди а4“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј., во кое се превезувал З. Р., биле пронајдени ќеси со 4.000 капсули трамадол без документација.

По документирање на случаевите ќе следува соодветен поднесок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи