Пијано вечер со пијанистите Илија Иваноски и Денис Најдоски

На 24 април од 19.00 часот во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Пијано вечер со пијанистите Илија Иваноски и Денис Најдоски. На програмата ќе бидат дела од П.И. Чајковски, А. Дворжак и Ј. Брамс.

Податоци за пијанистите:

Илија Иваноски

Илија Иваноски, oсновно музичко училиште завршува во ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”- Прилеп, во класата по пијано кај проф. Наде Стојкоска. Средно музичко училиште се запишува во “ДМУ”- Битола (2009), отсек пијано во класата на проф. Маргарита Татарчевска и проф. м-р Јана Четелева-Белевска. Своите студии по пијано ги продолжува на “ФМУ”- Скопје (2013), во класата на проф. м-р Тодор Светиев, каде што се здобива со диплома дипломиран пијанист. Учествувал на голем број натпревари по пијано и камерна музика (државни и меѓународни); семинари, од кои може да се издвои соработката со Јури Кот (Украина). Од 2017г. e професор по пијано во ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”-Прилеп.

Денис Најдоски

Денис Најдоски, завршува основно музичко училиште во Прилеп во класата на наставник Михајло Стојкоски. Во 2006 година своето образование го продолжува во класата на м-р проф. Снежана Анастасова – Чадиковска во ДМБУЦ „ ИлијаНиколовски – Луј“ Скопје. Во 2015 г. со висок просек дипломира на ФМУ – Скопје во класата на м-р проф. Рита Трпчева-Поповиќ. За време на неговото школување како солист настапува на голем број државни и меѓународни натпревари каде што освојува значајни награди и признанија. Има реализирано концерти во земјава и странство, а учествува на на семинари кај врвни пијанисти од Македонија, Србија, Швајцарија, Словенија, Русија. Покрај солистичките настапи редовно настапува и како член на камерни состави ( дуоПијано ) од кои се издвојуваат – лауреат на државен натпревар по камерна музика, концерти на Скопско Лето, Есенски музички свечености и многу други. Од 2015 год. работи како професор по пијано и корепетиција. Неговите ученици земаат редовно учество на голем број концерти и натпревари, каде што постигнуваат значајни резултати во земјава, но и во странство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи