ЛАГ АГРО ЛИДЕР дел од првиот транснационален состанок за проектот Green Up Yourself во Мадрд, Шпанија


Од 18ти до 20ти Април 2023 година претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР зедоа учество на првиот транснационален состанок во рамките на проектот GreenUpYourself кој се одржа во Мадрид, Шпанија. Овој нов европски проект на програмата Еразмус+ е предводен од шпанската фондација Fundación Santa María la Real, во партнерство со партнер органзациите CIAPE – Italian Permanent Learning Centre Италија, IED Institute of Entrepreneurship Development Грција, CARDET Кипар, STEP Instutite Словенија и ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Проектот претставува иновативна иницијатива за промовирање на зеленото претприемништво помеѓу младите во руралните средини, преку кој ќе се создадат можности за развој на зелени бизниси низ идеите на младите од руралните средини.

На состанокот беа дискутирани проектните активности кои ќе се спроведуваат во следните две години насочени кон создавање на едукативни ресурси и алатки кои ќе одговорат на реалните потреби на младите од руралните средини за развој на зелено претприемништво.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи