Обука на негувателки од градинките во прилепскиот регион

Социоемоционалниот развој и учење се предуслов за правилен раст и развој на децата од предучилишна возраст, а соработката на релација воспитувач-негувателеедна од основите за тоа, констатираа околу 40 негувателки од градинките од Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани на денешната обука на негувателите од градинките.

Ова е во рамките на активностите за унапредување на социјалното и емоционалното учење кај децата. Министерството за труд и социјална политика како дел од заедничката соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ и Бирота за развој на образованието, продолжи да работи на унапредување на квалитетот на сервисите и зајакнување на професионалните компетенции на вработените во установите за деца. Обуките ги спроведува ЕДУЛЕНД- Асоцијација на едукатори и професионални заедници во партнерство со канцаларијата на УНИЦЕФ во Скопје, како дел од програмските активности на проектот: „Градење на капацитетите на негувателките во предучилишните установи”.

Воспитувачките во прилепските градинки ја поминаа обуката и се спроведуваат активностите во секојдневната работа со децата. Негувателките се рамноправен партнер во реализацијата на воспитно-образовната работа.

„Денес негувателките ќе добијат нови знаења, ќе ги зајакнат своите компетенции и веќе ќе излезат од зоната на конфор што претставува мислење дека нивната работа е само згрижувачка. Мора да напоменеме дека нашата работа е тимска и сите заедно треба да се грижиме за правилен и подобар развој на децата од предучилишната возраст. На обуката се присутни половина од негувателскиот кадар од градинките, како и колешки-негувателки од општините Кривогаштани, Крушево и Македонски Брод“, објаснува Христина Трпческа, директорка на прилепските градинки „Наша иднина“.

Многу е битен професионалниот развој кај негувателките. Градењето на капацитетите кај негувателките значи дека треба да работат, прво. на самите себе си, односно на личниот развој, на соработката на релација воспитувач-негувател за да се постигнат резултати во социоемоционалниот развој кај децата. Потребна е посветеност, зашто секое дете е посебна приказна.

„Само ако си помогнеме себеси, ќе можеме да им помогнеме и на децата. Битен е стабилен негувател, бидејќи ние работиме како тим и еден без друг не е возможно да се постигне тоа што сакаме да го постигнеме со децата – стабилен социоемотивен развој. Треба да се надмине стресот кај децата преку техники и стратеги со кои тоа ќе го постигнеме за децата да добијат една позитивна социоемозионална клима и да им бидат полесни адаптацијата и натамошниот развој“, вели Александра Стојаноска, негувателка одприлепската градинка „Бончејца“.

 

„Хармонијата за воспитувањето на децата, најпрво, доаѓа од соработката воспитувач-негувател. Тогаш ќе нема никаква препрека за воспитување на дечињата. Најбитни се комуникацијата, соработката и да се најде начинот како да се однесуваме срема детето. Секое дете е различно според карактерот, домае различно воспитувано. Мора да го најдеме начинот како да се однесуваме срепма секое дете, смета Валентина Киселоска“, негувателка од градинката „Весело штркче“ од општина Кривогаштани.

Во прилепските градинки се спроведе обуката на воспитувачите. Во шесте градинки се вработени 40 воспитувачи и 52 негувателки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи