ВИДЕО – Апасиев: Утакмицата е продадена, за жал ВМРО-ДПМНЕ потклекна пред притисокот за уставни измени


Мислам дека ова е бламажа со овие наводни групи кои се прават, тие се вонуставни, тоа е веќе трета фаза кога треба да има нацрт на амандмани, ќе се оди на некое соломонско решение, но мислам дека утакмицата е продадена и дека ВМРО ДПМНЕ за жал потклекна пред притисокот, изјави вечерва во Прилеп, лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„Тие ја сменија плочата, направија „салто мортале“ со својата изјава за хрватски модел на преамбула и веќе тоа значи дека тие се на линија да го променат уставот. Ние веќе отпочнавме една мини кампања во сите градови, во сите локални ограноци „НЕ за уставни измени“, бидејќи сметаме дека тоа е софиска платформа која не вродува со плод, никакво добро не може да донесе за Република Македонија.

Ставањето на Бугарите во уставот не е така наивно, тоа носи правни консеквенци баш поради тоа што Република Македонија е држава која признава малцински колективни права и тоа повлекува многу понатаму, повлекува бугарски културни клубови, повлекува радио и тв канали, повлекува културна пропаганда која што досега се финансираше од странски фондови, а сега ќе се финансира од државниот буџет, така што тоа не е воопшто наивна констатација, промената на преамбулата не е воопшто наивна.

Ние ќе сториме се тој процес да го спречиме, се надевам дека во овој парламентарен состав тоа нема да се случи, меѓутоа во идниот убеден сум дека големите партии веќе ја имаат продадено утакмицата и од тука ги повикуваме граѓаните да гледаат кој се бори искрено за да го сопре овој мачен процес, кој е второ полувреме, рачунајте Преспанскиот договор беше прво предавство, ова е второ.

Меѓутоа ќе дадеме се од себе да го спречиме, затоа што на следни избори Левица очекуваме да има двоцифрен број на пратеници и отпорот кој ќе го дадеме ќе биде многу поголем од сега што успеваме. Гледате дека за Бехтел и Енка се бориме само ние двајца, така мислам дека следуваат тешки времиња кои само ќе ја отворат пандорината кутија за понатамошни бугарски вета, а нема да ја затворат“, истакна Апасиев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи