ВИДЕО – Нова канцеларија на Левица во Прилеп: Времето на Левица допрва доаѓа, без нас нема да може да се направи ниту Влада, ниту мнозинство во Совет


Времето на Левица допрва доаѓа, каузата на Левица се повеќе се шири и кога и да бидат изборите, дали би биле предвремени или редовни ние очекуваме дека Левица ќе освои двоцифрен број на пратеници, изјави вечерва во Прилеп, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, при отворањето на новата канцеларија на партијата во овој град.

„Вечерва дојдовме на една дружба со членството, да ги анимираме малку, имаме тука двајца советници кои во некои свои настапи се дури и порадикални од нас пратениците, така што Прилеп е револуционерен гради очекуваме добар скор на наредни избори. Инфраструктурата во Прилеп е солидна и мислам дека граѓаните на Прилеп ја препознаваат Левица, особено она патриотско крило кое што постои ја препознава Левица како искрен борец и против бугаризацијата и против уставните измени кои како што слушаме се веќе договорени зад сцената, така што очекуваме зголемен прилив на членови и добар исход на следните избори тука во Прилепо. Повеќе локална политика артикулираме преку советниците кои се за жал само двајца, можам да сватам како им е мачно, како што ни е нас мачно, практично не можеш ништо да спроведеш кога е окупирано од двете големи партии и ние мислиме дека веќе нема суштинска разлика помеѓу СДСМ и ДПМНЕ, затоа што за прв пат сега влегува трета сила, во некои општини немаат ни канцеларии нашите советници затоа што 30 години влегувале само 2 партии. Така што борбата е мачна, реалните промени ако мислиме на локална програма која Левица ја има за Прилеп не може сега да се оствари, согласно материјалните прилики бидејќи не можат двајца да избоксуваат тоа да го остварат, но на наредни избори очекуваме дека без нас нема да може да се формира локалниот Совет и дури тогаш, на наредни локални ќе се види вистинската визија на Левица за локалните самоуправи, конкретно и за Прилеп“, потенцираше Апасиев.

Советникот во Советот на Општина Прилеп од Левица Методија Костоски ги повика граѓаните за сите проблеми да ги побарале и да им се обрателе во новите простории.

„Новата канцеларија на Левица во Прилеп сега е уште поблиску до граѓаните, воедно и ги повикувам за сите проблеми кои ги гледаат во градот да дојдат да ни се обратат, тука сме за нив да помогнеме, да ги решиме сите ситуација. Исто така добро функционира и онлајн страната каде можат тотално анонимно да пријават било што, имаме досега во рок од еден месец околу 40 пријави што дополнително ги разгледуваме. Забележавме дека луѓето со поголемо внимание гледаат да не се дознае кој и што знае, но овој анонимен начин тотално ја смени гледната точка и сега многу се одважуваат и добиваме многу интересни информации што допрва ги истражуваме и ќе ги објавиме сите“, кажа Костоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи