Излезе од печат книгата „Не кажувај никому“ од турската авторка Гонџа Озмен во издание на Лаг Агро Лидер


„Не кажувај никому“ од турската авторка Гонџа Озмен, излезе од печат во издание на Лаг Агро Лидер, со поддршка на Регионалната мрежа за културна разновидност – РЕАД (Regional Network for Cultural Diversity – READ).

Гонџа Озмен е една од најпознатите и највпечатливите турски поетеси од нејзината генерација. Родена во Бурдур, Тефени во 1982 година. Нејзината прва песна објавена е 1977 година во книжевното списание Varlık и веднаш била прогласена за „поетеса на која треба да се обрне внимание во иднина“ (Младински награди Јашар Наби Најир). Не кажувај никому е прва книга на Озмен објавена на македонски јазик, а нејзината поезија преведувана е на англиски, германски, француски, шпански, словенечки, италијански, романски, персиски, грчки и хебрејски јазик. За своето потеско творештво е добитничка на бројни награди за поезија.

РЕАД проектот го спроведува Гете-институт Скопје во соработка со пет партнерски организации од балканските земји.

Препевот на македонски јазик го направија Наташа Забрчанец и Звонко Димоски, дизајнот на корицата е на Емилија Малезан, додека поговорот е на акад. Катица Ќулавкова.

„Не кажувај никому“ е третата објавена и поддржана публикација во рамките на едицијата „Балканска женска поезија“, чиј уредник е Звонко Димоски. Претходно беа објавени „Мајка ми знае што се случува по градовите“ и „Денови со полна месечина“ од српските авторки Радмила Петровиќ, односно Витомирка Требовац.

==========================================================================================================================

ИМАШЕ

Имаше нешто токму таму

На устието на патот каде што ја истурив мојата љубопитност

Нацртан круг од камен фрлен во водата

Збивташе вознемирено како ут додека го гледаше моето тело

Имаше намрштено лице, секогаш кога се осмелував да љубам

Имаше празно место на замислена страница, простор во којшто стоев

Ум на којшто му заблазнував, сон во којшто бев заглавена

Имаше тага за којашто пишував по ноќите, збор што го голтав

Леопард кој скиташе по снегот додека маката твоја ми ги допираше рацеве

Имаше само трошки од зборовите кои останаа на крајот

 

Имаше нешто токму таму

Веднаш под моите гради.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи