Новиот македонскиот филм „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова премиерно ќе биде прикажан во киното „Мис Стон“ на 4 мај 2023 со почеток од 20.00 ч. Влезниците можат да се набават два часа пред почетокот на проекцијата на билетарницата од киното.
Улогите во филмот ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска.
Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката е на Линдзи Рајт, сценографијата на Срѓан Митровиќ. Сценариото е на Елеонора Венинова, монтажер – Гоце Кралевски, а костимите се на Жаклина Крстевска.
Монтажер за звук: Дарко Спасовски, продуцент е Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), а копродуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). Филмот е поддржан од Агенцијата за филм, Српски филмски центар и Еуримаж.
Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, во ноември минатата година. Азиската премиера беше во февруари годинава, а македонската пред десетина дена.