ВИДЕО – Ќе се гради инклузивно детско игралиште на Могила – вака одлучија граѓаните преку Форумот на заедници


Ќе се гради инклузивно детско игралиште на Паркот на Револуцијата во Прилеп. Вака одлучија граѓаните преку Форумот на заедници, како да биде искористена донацијата од околу 60.000 долари од Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа и УНДП. Со 20% во овој проект учествува и Општина Прилеп. За реализација пак на другите два проекти кои исто влегоа во финалниот избор како што: обезбедување на лифтови за лица со ограничено движење во средните училишта „Кузман Јосифоски Питу“ и СОУ „Ѓорче Петров“, како и уредување на двор и воведување на спортски реквизити и содржини во детските градинки  ќе се барале други извори за финансирање.

Се надевам со обезбедување на други фондови, или други начини на обезбедување средства за реализација на тие проекти, Прилеп ќе добие уште повеќе во големината на докажување дека ние можеме да им возвратиме и на учениците и во образованието, исто така и на најмалите, односно детските катчиња“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

 

Во оваа фаза 10 општини се вклучени, од кои Општина Прилеп е една од нив, другите општини ќе аплицираат во понатамошниот период. Тоа е уште еден показател дека Општината сериозно се погрижи за да аплицира и да ги добие овие средства. Како што спомнав, не се големи средства можеби, но се од големо значење, особено за овие проекти кои се за општествено добро за сите граѓани и доброто спроведување на форумите и проектот ќе преставува само една дополнителна можност и другите донатори да се приклучат и нели овие 2 проекти кои не добија доволно бодови денес да најдат место во некоја друга програма каде ќе можат да се пронајдат“, рече Владимир Величковски, модератрор на проектот.

Граѓаните кои гласаа велат дека на Прилеп му е потребно едно вакво игралиште кое ќе биде наменето за сите деца.

Сметаме дека тие треба да ги уживаат сите права како и останатите нормални деца, со нормален развој и затоа едногласно, без двоумење се одлучивме за паркот под мотото „Сите сме еднакви“, кажа Стефани Петреска, наставничка по македонски јазик во ООУ „Климент Охридски“.

Според претседателот на Советот на Општина Прилеп оваа практика граѓаните да учествуваат во одлучувањето како да се троша јавните пари ќе продолжела и понатаму.

Го почнавме овој процес уште во декември кога беше изработката на буџетот на Општина Прилеп. Тогаш побаравме и имаше 2 отворени викенди во кои граѓаните присуствуваа и учествуваа со нивни предлози како треба средствата од буџетот за 2023 да бидат потрошени. Дел од тие проекти кои граѓаните ги дадоа веќе зедоа учество, односно фатија приклучок во општинскиот буџет. Ова е уште една форма, кажав дека претходно направивме како Совет на Општина Прилеп измени во Статутот на Општина Прилеп и ја воведовме како рамка преку која граѓаните ќе можат да учествуваат во форумите на заедниците. Направен е и дополнителен правилник како треба да се практикува оваа алатка“, истакна Дејан Проданоски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Изградбата на инклузивно детско игралиште на Паркот на Револуцијата треба да биде завршена до крајот на годината.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи