Во недела сите да дадеме поддршка на РК Прилеп за опстанок во Супер лигата


Во недела со почеток во 18.30 часот во спортска сала „Ристе Ристески Ричко“ сите да го поддржиме РК Прилеп во натпреварот против РК Јуниор Кисела Вода за опстанок во Супер лигата.

„Спремни за победа, победа со која целта е остварена, опстанок во Супер лига. Покана до сите љубители на ракометот да ни дадат поддршка и со оваа победа да ја заокружиме сезоната со успех на уште две кола до крајот“, порачуваат од РК Прилеп.

Недела 07.05.2023 во 18 и 30 спортска сала Ристе Ристески Ричко.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи