„Мариовските народни носии – сега и овде“ – проект на прилепскиот музеј за популаризација на културното наследство кај младите


НУ Завод и Музеј – Прилеп оваа година започнa со проект под наслов „Мариовските народни носии – сега и овде“ за популаризација и заштита на културното наследство за деца и млади. Проектот опфаќа едукација на ученици од училишна возраст, со што преку кратко предавање се запознаат учениците со македонските народни носии преку визуелно / креативно учење, конкретно Мариовсата народна носија како посебна со своите специфики.

Во проектот се предвидени и вклучување на училишта, со презентација на мариовската народна носија и нејзините специфики на распознавање, со продолжување на едукативно-креативни часови  работилница каде ќе се изработуваат хартиени кукли „ мариовки“ (претстава на женска мариовска носија) секое дете според своето креативно размислување.

Проектот е замислен да биде во три фази:

  • Во првата фаза предавања (запознавање ) за учениците македонската народна носија по реони, со давање акцент на мариовската народна носија и нејзините специфики на распознавање. Кога и за кој поводи е користена, намена и начин на чување. Поделба (машка, женска,).
  • Во втората фаза Изработка на хартиени носии од испечатени шаблони со сечење, боење и лепење, доцртување и прилепување на орнаментика, според својата креативност и имагинација.
  • Во третата фаза Изложување на направените кеации од носии и доделување на благодарници за учество.

 

 

ЗАПОЧНАТИ АКТИВНОСТ

Во рамките на годишната програма  на НУ Завод и Музеј-Прилеп одобрено од Министерство за култура почнавме со реализација на проектот “МАРИОВСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ – СЕГА И ОВДЕ” кој вклучува едукација и популаризација на нашето културно наследство за деца и млади.

Како најпрво почнавме со едукативни предавања на тема: Автентичноста на Мариовскара народна носија со сите нејзини впечатливи атрибути. Почнавме со едукативни предавања во ООУ. “КОЧО РАЦИН” II и VII одделение. Предавањето го проследија ученици од II одд. со одделенскиот раководител Павлинче Велјановска и ученици од VII одд. под раководство на наставничката Габриела Стојановска Станоевска. и Соу„Ѓорче Петров“ Прилеп,  Текстилно – кожарската струка/Техничар за изработка на облека , со учениците од I, II, III и IV година и наставничката Јулијана Поповска во соработка со НУ Завод и Музеј – Прилеп под менторство на Мр. Маја Ралева Миладиновски и етнолог Горан Василески  каде започна да се реализира првата фаза од проектот, е следуват уште две средни училишта Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп.

Секако како за почеток на проектот нашите очекувања се во нагорна линија за предавањата кои следуваат во неколку средни училиша од Прилеп во текот на оваа недела и работилницата која ни претстои.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи