„Прилеп фест“ на 1 јуни – време е за убава македонска народна песна

Во градот под Марковите кули на 1-ви јуни ќе се одржи седмото издание на фестивалот „Прилеп фест“.  Како и изминатите години, така и сега, тој ќе се одржи во Центарот за култура „Марко Цепенков“, каде ќе настапат познати музички ѕвезди од нашата земја, но и од соседството.

Како минатите така и оваа година Советот на фестивалот успеа да ви претстави прекрасни македонски современи песни, испеани од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од елитата на македонски автори, испеани од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од истакнатите македонски автори.

Фестивалот одложено ќе биде емитуван и на МРТВ, а листата на изведувачи на овогодинешниот фестивал е следна:

Наум Петрески, Зуица Лазова, Елена Велевска, Адријана Ацевска, Живе Мешуревски и Анастасиа Митровска, Лили Семкова (Бг), Владимир Поповски, Дрим Тим, Благоја Груевски, Алтернатор, Круна, Петар Нечовски, Дани Тик-Так, Даце Николовски, Фортуна, Барбика, Јордан Митев, Ирена Спасовска, Спасе Антевски и Марија Донева.

Домаќин на овогодинешниот фестивал е познатата Каролина Петковска од Македонската радио и телевизија.

Инаку организаторите на фестивалот ветуваат одлична вечер, со одлични нумери.

„Со нетрпение очекуваме да ви ги претставиме новите песни изведени од најдобрите изведувачи од земјава и странство“, велат од Советот на фестивалот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи