Успешно се реализира втората по ред Прилепска трансверзала

Со поминати преубави два дена, со испешачени преку 60 километри исполнети со добра дружба, смеа, но и со одредени тешки моменти поради замор успешно се реализира втората по ред Прилепска трансверзала.

На овој настан кој втора година по ред го организираат Прилепски Планинари Авантуристи учествуваа преку 50 планинари, а покрај од Прилеп имале гости планинари и од Куманово.

„Имавме идеално време за пешачење, втор ден со јако сонце,  али како велат храбрите ги прати среќата па така и нас. Трансверзалата оваа година броеше 50 учесници во двата дена. Честитки до сите нив за успешно испешачените километри. Покрај прилепските планинари оваа година имавме гости и од Куманово. Најмлад трансверзалец беше Ведран Цветкоски со само 7 години, кој без проблем ги помина 25те км. од вториот ден.

Благодарност до поддржувачи на логистика Душко Димкоски и Александар Христоски. Голема благодарност до нашите спонзори и Општина Прилеп без кои немаше да биди успешна нашата транверзалата.

Благодарност и до Хемфри Димовски кој ни ја отстапи неговата вила на Плетвар за кампување.

Благодариме и на Инфо Компас кои сте секогаш тука со нас за промоција на нашите тури.

Ние како организатори, Владимир Јованоски и Пеце Илиоски со нашата група Прилепски Планинари Авантуристи ви се заблагодаруваме на сите што учествувавте и не поддржвте на нашата втора по ред трансверзала. Спортски поздрав и се гледаме наредна година“, велат организаторите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи