Собранието денес ја изгласа потребата од донесување на Предлог на закон за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој се овозможува платено породилно отсуство за земјоделки. Сите присутни пратеници гласаа ЗА, со што сметаме дека Предлогот на законот успешно ќе ја помине законодавната постапка и земјоделките конечно ќе добијат системско решение за правото на платено породилно остуство. Воедно апелираме до Собранието во најскор можен рок да ја заврши постапката за донесување на овој закон, преку соопштение денес информираа од ЛАГ АГРО ЛИДЕР.
“Пратениците покажаа дека е возможно политичко здружување со цел унапредување на човековите права на жените од руралните средини. Додека извршната власт не ги прифати нашите барања и не презеде чекори за спорведување на препораката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратениците одговорија позитивно на нашите барања.
Предлог законот предвидува платено породилно отсуство за индивидуални земјоделци под еднакви услови како за сите останати вработени и самовработени лица во висина на минималната плата. Со ова решение ќе се надмине системска дискриминација и ќе има бројни бенефити во однос на унапредување на здравјето и благосостојбата на жените и децата од руралните средини. Овој чекор го гледаме како дел од пообемна иницијатива за унапредување на правата на руралното население, признавање и уважување на земјоделскиот труд. Преку овозможување на правото на платено породилно отсуство повеќе жени ќе се регистрираат како индивидуални земјоделки со што ќе станат дел од формалната економија, самостојно ќе ги уживаат правата кои произлегуваат од тој статус (право на здравствено, социјално, пензиско осигурување и сопствен приход од земјоделска дејност) со што на долг рок ќе се унапреди нивната еманципација и родовата еднаквост во руралните средини. Како следен чекор, ќе работиме со Собранието за донесување на законски измени со кои ќе се овозможи платено отсуство поради боледување и повреда на работно место за индивидуалните земјоделци.
Се заблагодаруваме на сите здруженија на граѓани, сојузи и фондации (листа во прилог) кои ја покренаа и ја поддржаа оваа иницијатива, на пратениците кои гласаа ЗА и на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
- Мрежа за заштита од дискриминација
- Коалиција МАРГИНИ
- ЛАГ АГРО Лидер
- Фондација Отворено Општество Македонија
- Хелсиншки комитет за човекови права
- Рурална Коалиција – коалиција на 56 мали грас рут граѓански организации
- Македонската асоцијација на земјоделски задруги
- Сојуз на здруженија за рурален развој Мрежа на ЛАГови
- Национална мрежа против хомофобија и трансфобија – 20 членки граѓански организации
- Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе
- ТрансФорма
- ЛГБТИ Центар за поддршка
- Здружение „Радика Де“ – Огранок Центар Жупа
- Рурален агробизнис инкубатор
- Локална Акциона Група Осоговски Лисец
- Организација на жените на општина Свети Николе
- Здружение за родова еднаквсот Акција Здруженска
- Балканска водна мрежа
- ЛАГ Абер 2015
- Гласен текстилец
- Здружение за едукативен развој Еквалис
- Центар за развој и едукација Прилеп
- Институт за развој на заедницата Тетово
- Здружение за еднакви можности СЕМПЕР
- ЛАГ Порече
- Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари
- ЕХО Едукативно-хуманитарна организација
- Локална Акциона Група Вардар Леадер
- Здружение Достоинствен работник Прилеп
- Институтот за европска политика – Скопје
- Здружение на производители на органска храна „Биовита“- Кавадарци – 39 членови
- Здружение против дискриминација „ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ“ – Ресен
- Институт за човекови права
- Пчеларско здружение Пчела Велес
- НВО ,,КХАМ” Делчево
- Здружение Цик Цак Крива Паланка
- Здружение Инклузива
- ЛезФем
- Национален ромски центар Куманово
- ХОПС Опции за здрав живот Скопје
- Заедно Посилни
- Македонско здружение на млади правници
- Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
- Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т.
- ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените
- ХЕАР – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
- Тиииит! Инк.
- Реактор- Истражување во акција
- Стела Мрежа
- Здружение за поддршка на маргинализираните работници СТАР-СТАР Скопје
- Новинари за човекови права
- Здружението за млади и едукација Скриениот херој во секое дете Скопје
- Поречка матица
- Здружение за родова еднаквост Визија
- Организација на жени од Струмица со локалните кружоци Дабиле, Добрејци, Бодилово, Муртино, Сачево, 6-та Урбана заедница, Струмица и 8Б Урбана заедница, Струмица
- Здружение „Радика ДЕ“ Дебар заедно со локалните женски кружоци Голем Папрадник и Новак
- Женска граѓанска иницијатива „Клеа“- Битола
- Хуманитарно Здружение „МАЈКА“ Куманово заедно со локалните женски кружоци Табановце, Пчиња, Биљановце и Горно Којнаре
- Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ -Радовиш заедно со локалните женски кружоци Злеово, Ораовица, Конче и Лубница
- ОЖ „Женско Лоби“-Демир Капија заедно со месните женски совети Корешница, Бистренци, Прждево, Сирково, Трстеник, Манастирец, Виничани, Ногаевци и Водоврати
- Платформа за родова еднаквост – 28 членки граѓански организации
- Блупринт група за реформи во правосудство – 7 членки граѓански организации
- Македонски центар за меѓународна соработка, прогарама Цивика Мобилитас“, стои во соопштението.