ВИДЕО – Крушево годинава ќе биде културен епицентар – официјално прогласен за „Град на културата“


Во петок на 26 мај во Крушево свечено ќе се отвори манифестацијата „Крушево град на културата“ за 2023 година со посета на Галеријата на Никола Мартиноски, свечена програма насловена како „Безвременска хармонија“ пред Споменикот Македониум и концерт на Камерниот оркестар од Битола, на кој ќе настапат голем број македонски музички ѕвезди, како Елена Ристеска, Мики Јованскови Џафер, Ристо Самарџиев, Дарио, Кристина Арнаудова, Пере, Нокаут, Наде Талеска, Димитар Андоновски, Тамара Стојковска, Марија Цветаноска, Александра Трајческа, Хорот Коруновска Проарс. Министерката Бисера Костадиноска истакна дека Крушево не случајно е одбрано да биде град на културата во годината кога се одбележуваат 120 години од Илинденското востание. Таа нагласи дека Крушево нема да биде само дестинација за спортистите и авантуристичкиот туризам туку ќе биде и град во кој посетителите ќе бидат сведоци на многубројни културни настани.

Крушево ќе пулсира во ритамот на македонската култура и ќе го промовира македонскиот идентитет и посебност. Да се биде „Град на културата“ не е само титула, тоа е можност да се прикаже уникатниот идентитет на Крушево, богатото наследство, енергичноста на уметничка сцена и посветеноста во негувањето на креативноста и културното изразување. Со оваа манифестација оставаме траен белег и го проектираме Крушево на европската мапа како културен и туристички центар“, изјави Бисера Костадиноска, министерка за култура.

Градоначалникот Христоски истакна дека овој живописен град низ вековите бил мал центар на уметничко изразување, негувајќи безброј таленти и негувајќи жив креативен дух. Денес Крушево го зазело заслуженото место како културен епицентар на нашата држава. Титулата културна престолнина не била само признание туку и доказ за непоколебливата посветеност на градот кон уметноста и зачувувањедто на историјата и традицијата за идните генерации.

„Како град на културата, Крушево ќе тргне на трансформативно патување кое ќе се одвива во наредните месеци, но тој тренд планираме да продолжи и по календарското завршување на 2023. Доаѓаат денови на безгранична креативност, каде градот ќе процвета во просперитетен центар на уметнички потфати, посета на разни изведувачи и културни ентузијасти. Преку внимателно избрана програма на настани, изложби, перформанси и работилници“, истакна Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

 Крушево го очекуват голем број настани преку целата година кои ќе се случуваат на различни локации во и околу градот, а се очекува да бидат посетени од голем број туристи од целата држава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи