Започна со реализација проектот за асфалтирање на над 60 улици на територија на општина Прилеп

Започна еден од поголемите проекти предвидени за оваа година во општина Прилеп, односно рехабилитација и асфалтирање на над 60 улици.

„Денес извршивме увид на улицата ,,Мукос“, од каде што стартуваме со реализацијата на овој капитален проект за Прилеп, затоа што започнуваме една акција со која ќе рехабилитираме улици на кои што не е интервенирано во последните 30-40 години.

Со нашиот план за подобрување на патната инфраструктура, дефинитивно ќе ја зголемиме безбедноста во сообрајќајот а се разбира и нивото на услуги на сите наши сограѓани корисници во сообрајќајот.

Оваа Локална самоуправа на општина Прилеп ќе продолжи да работи во интерес на сите наши сограѓани“, изјави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи