Прва фаза адултицидна дезинсекција за уништување на комарци во Прилеп и околината

Во деновите понеделник 05.06, вторник 06.06, среда 07.06, и четврток 08.06 2023 година, во периодот од 22:00 до 05:00 часот, екипа на Центарот за јавно здравје-Прилеп ќе ја изврши првата фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.

Со оваа дезинсекција ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот Прилеп и неговата периферија, како и населените места: Оревоец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Славеј, Мало и Големо Коњари.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветер и дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи