ВИДЕО – Крушево добива современо улично ЛЕД осветлување и заштеда на електрична енергија


Економични и современи ЛЕД светилки за модерно осветлување на Крушево. Крушево ќе добие современо ЛЕД осветлување кое ќе придонесе за голема заштеда и квалитетно осветлување.

Општина Крушево го потпиша договорот за набавка, испорака и монтажа на 200 паметни ЛЕД светилки. Договорот обезбедува и 3-годишен гарантен период и одржување на енергетски ефикасните светилки.

Она што е уште поважно е дека светилките ќе можат да работат во режим на димирање, односно да се обезбеди дополнителна заштеда и да не се користи целосната моќност на светилките кога не е потребно.

Во рамки на проектот за прекугранична соработка со Албанија започнуваме со инсталирање на 200 паметни ЛЕД светилки кои ќе придонесат, истовремено, за поекономично и поефикасно осветлување.

Градот ќе биде уште подобро осветлен, а фокус ќе се стави на историските објекти, музеите и градбите од значење за крушевската и македонска култура. Продолжуваме со имплементација на проекти кои го модернизираат Крушево, придонесуваат за туризмот и го олеснуваат животот на граѓаните.

Поставување на 200 паметни ЛЕД светилки се спроведува во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – признаена прекугранична туристичка дестинација“ кој е дел од програмата „Прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија – Република Албанија Инструмент за пред пристапна поддрша (ИПА 2) – 2018 2020“.

Вредноста на целосниот проект е 740 000 евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи