Повеќе повредени лица во сообраќајка во Прилеп

На 22.06.2023 во 22.55 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од  ул„Петар Ацев“ и ул„Тризла“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлија“ управуван од П.И.(19) од Прилеп и патничко моторно возило марка „мицубиши“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од О.С.(40) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот П.И., додека со телесни повреди се здобиле А. П.(18)од Прилеп, сопатник на мотоциклот, возачот О.С. и неговиот сопатник С.С.(27) од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото  извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи