Се зафаќаат нови извори кои ќе обезбедат дополнителна вода за с. Норово


Започна процесот на зафаќање на нови гравитациони извори на вода кај селото Норово што ќе обезбедат дополнителни количини за ова населено место и истите денес ќе се поврзат со резервоар во Норово.  Со ова ќе се намали притисокот врз Студенчица и пумпната станица, се очекува недостатоците од вода во Норово да се сведат на нула.

Овој процес е важен затоа што потребата за вода од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица ќе се намали и истовремено ќе се пумпа помалку вода преку пумпната станица во Норово која фунцкионира на електрична енергија.

„Со зафаќање на нови извори ќе се обезбеди вода за с. Норово, но ова е важно за целата општина затоа што ќе се намалат трошоците кон Студенчица и за струја. Денес се завршува проектот со поврзување со резервоарот за вода и очекуваме недостатоците да се сведат на нула, но за тоа ќе бидеме сигурни во наредниот период“, велат од јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи