Извршителите лани наплатиле долгови од над 145 милиони евра, со профит од 4 милиони евра

Минатата година по разни основи, присилно се наплатени над 145 милиони евра. Тоа е сумата што ја реализирале 100 извршители за долговите што ги направиле физички и правни лица, но и државата. Од фирмите должници, извршителите лани наплатиле 81,7 милиони евраод граѓаните 40,5 милиони евра, а најмалку од државата – 23,4 милиони евра, покажува анализата на порталот Пари.

За извршителите се смета дека одлично заработуваат на „туѓата мака“. Што и не е далеку од вистината, а потврда за тоа се и податоците до кои дојде порталот Пари.

За услугата „наплата на долгови“, извршителите наплатиле околу 10 милиони евра, но кога ги подмириле своите трошоци, им останал чист профит од околу 4 милиони евра.

Овие околу 10 милиони евра приходи доаѓаат по три основи: сите заедно наплатиле за една година 552 илјади евра како надомест за обработка на предмети, 4,3 милиони евра за преземени извршни дејства и 5 милиони евра како награда за извршување. Сепак, мора да се нагласи, овие износи се без пресметан ДДВ.

Тоа е општата, заедничка слика за извршителите. Но, во зависност од тоа колку предмети добиле и реализирале, така остварувале и приходи.

ТОП 10 извршители по приходи:

ПРОЦЕНТОТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА Е 38,2%

Од судовите во државата извршителите лани примиле 152.079 барања за извршувањеЦелосно се завршени 58.201, со што процентот на реализација е 38,27 отсто. Речиси половина од износот е со скопско потекло. Со извршување на барањата од Основниот граѓански и од Основниот кривичен суд, од странките се наплатени 73,5 милиони евра. Извршителите оперираат на 11 територии, но другите, според износите, заостануваат зад главниот град. Како пример, сумата од 11,8 милиони евра е на втората позиција, но постигната е со здружени сили, односно со извршувањата по налози на основните судови од Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи