Во Крушево викендов по 7-ми пат се одржува аутдор фестивалот „When in Krusevo“. Планинарење, велосипедизам, кајак, јавање на коњи, зип лајн, адреналински парк, возење на троколки, трка низ крушевските улици, многу, многу адреналин, како и одлични концерти и забава на ски терените на Станиќ. „When in Krusevo“ несомнено уште еднаш докажа дека е најдобриот аутдор фестивал кај нас со најголем број содржини.
За тоа како изгледаше атмосферата во Крушево вчера и денес погледнете од видеото. А доколку сакате да бидете дел од оваа прекрасна атмосфера, утре, недела, бидете дел од Фестивалот и посетете го Крушево.
171