Во Тризла уапсени битолчани, во возилото им биле пронајдени трамадоли и бланко рецепти


На 03.07.2023 на ул. „Тризла“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Р.Р.(25) и Е.Р.(19) од Битола. При преглед на патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Р., биле пронајдени и одземени седумдесет и три пакувања и шест ленти-кластери „трамадол“, како и  бланко рецепти. Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело по член 212 од Кривичниот законик и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи