Депонијата во Крушево започна да се третира со прскање со дронови со цел спречување на пожари

Општина Крушево започна со прскање и третирање на депонијата во Крушево со дронови со цел да спречи идни пожари кои би настанале на истата. Дроновите се користат со цел средството да допре до долните слоеви на отпадот како би почнал процесот на разградување на биолошкиот отпад, а со тоа и намалување на нивото на метан што само од себе е причина за самозапалување на депонијата или со неговото присуство значително би се олеснила работата при намерно палење.

„Процесот на третирање и дејствување ќе продолжи повеќе пати во текот на оваа година до целосно неутрализирање и разградување на биолошкиот отпад. Преку овој процес очекуваме наредниот период депонијата да не се самозапалува и истата да биде безбедна во поглед на ширење непријатни миризби и чад“, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи