Јавниот сектор со повисоки плати од септември и К-15 до крајот на годината

Владата и синдикатите постигнаа договор за платите на вработените во јавниот сектор, како и за регрес за годишен одмор.

Зголемување од 10 отсто во септември ќе има за сите работници во јавниот сектор, а до крајот на годинава ќе се исплати и регрес од 10.000 денари, додека истиот следната година ќе изнесува најмалку 30 отсто од просечната плата.

„За нас како синдикати беше важно вработените во јавниот сектор на банкомат во септември да добијат далеку повеќе од бараните 14 насто. Со овој процент кој го договоривме ја постигнавме целта, ако имаме предвид дека платите на голем дел од вработените во јавниот сектор со синдикални активности пораснаа во изминатиот период“, кажа претседателот на Сојузот на синдикатите, Слободан Трендафилов.

Од март наредната година ќе следи и нова методологија која што треба да стави ред во платите во јавниот сектор.

„Сметам дека следниот чекор на кој ќе отвориме дискусија со синдикатите ќе биде оптимизација на јавниот сектор. Затоа што повисоки плати значат и повисока продуктивност, поголема ефикасност, а тоа се мери со задоволството на граѓаните. Ние имаме сектори во кои не треба оптимизација и рационализација, но имаме и сектори каде што е потребна рационализација за да се постигне ова што го кажав“, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи